Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Марина Туцаковиќ по долга борба со рак на дојка

Почина Марина Туцаковиќ по долга борба со рак на дојка

Марина Туцаковиќ ја изгуби тешката борба со ракот. Познатата Србинка, која е авторка на бројни балкански хитови, почина на 67-годишна возраст.

Туцаковиќ била позитивна на коронавирусот и неколку дека била во тешка здравствена состојба. Веста за нејзината смрт ја потврдил нејзиниот сопруг Александар.

На почетокот од 2018 година, на Туцаковиќ ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Следувала операција и хемотерапии. „Дека сум добро – не сум добро сигурно. Но, не сум ни лошо. Одам на терапии, морам да истуркам, па ќе видиме“ – изјавила таа за време на животната борба.

Туцаковиќ стои зад текстовите на бројни музички хитови како „Dodirni mi kolena“, „Što to bješe ljubav“ и „Zora je“, а беше член на жирито на повеќе емисии како „Операција Триумф“ и „Ѕвездичките на Пинк“.

Марина и нејзиниот сопруг Александар имаа два сина, Милан и Милош, кој почина во 2008 година. Неговото безживотно тело го пронашла самата Марина, а таа трагедија силно ја погодила.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.