Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина актерот Вили Гарсон, познат како Стенфорд од „Сексот и градот“

Почина актерот Вили Гарсон, познат како Стенфорд од „Сексот и градот“

Почина Вили Гарсон. Славниот актер, кој многу од нас го паметат како Стенфорд Блеч од „Сексот и градот“, издиша за последен пат на 57-годишна возраст.

Познатиот Американец се бореше со рак на панкреасот, но не е потврдено дали тоа е причината за неговата смрт.

Вили Гарсон

Тажната вест ја објави неговиот син, Нејтан. Во објава на социјалните мрежи тој напиша:

„Те сакам многу тато. Почивај во мир и драго ми што ги споделуваше сите твои авантури со мене и постигна толку многу. Горд сум на тебе. Секогаш ќе те сакам, но сметам дека сега е време да одиш на твојата авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Те сакам повеќе отколку што знаеш и мило ми е што сега можеш да бидеш во мир. Ти секогаш беше најсилниата, најсмешната и најзабавната личност која ја познавам. Мило ми е што ја сподели твојата љубов со мене.“

Вили Гарсон Вили Гарсон Вили Гарсон

Гарсон изминатиов период снимаше неколку сцени од продолжението на „Сексот и градот“, насловено „And Just Like That...“. За последен пат, тој беше фотографиран на сетот во јули.

Вили Гарсон Вили Гарсон

Синтија Никсон, Ким Катрал, Крис Нот... Колегите од „Сексот и градот“ со постови на социјалните мрежи му оддадоа почит на Гарсон.

„Семејството на ‘Сексот и градот’ изгуби еден член. Неговата душа и посветеност беа присутни секој ден на снимањето на ‘And Just Like That...’ Тој беше таму, давајќи сè од себе и додека беше болен“ – изјавил продуцентот на серијата, Мајкл Патрик Кинг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.