Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Постојат луѓе што не можат да забременат и ги боли“: Криси Тиген ѝ возврати на обожавателка која ја праша дали е бремена

„Постојат луѓе што не можат да забременат и ги боли“: Криси Тиген ѝ возврати на обожавателка која ја праша дали е бремена

Луѓето честопати мислат дека нема ништо лошо во тоа да постават прашање кое ја засегнува туѓата приватноста. Колку пати сте добиле прашања од типот: „Кога бебе?“, „Кога свадба?“, „Колку пари земаш?“ и сл.?

Криси Тиген одлучи да ѝ возврати на обожавателка која ја праша дали е бремена поради стомачето на една од фотографиите споделени на Instagram.

„Знам дека не мислеше да бидеш груба, но мисли двапати пред да го поставиш ова прашање. Постојат луѓе што не можат да забременат и ги боли секојпат. Не сум бремена, но би била среќна доколку бев. Но, исто така сум среќна што не сум бремена“ – напиша таа.

Криси Тиген Криси Тиген

Криси отсекогаш била искрена и отворена за нејзината борба со неплодноста. Уште пред раѓањето на ќерката Луна, таа сподели дека со Џон Леџенд долго време неуспешно се обидувале да имаат дете. И ќеркичката Луна и синчето Мајлс беа зачнати со ин витро.

Џон Леџенд и Криси Тиген

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.