Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пол Рад е Најсекси маж на светот за 2021 според People

Пол Рад е Најсекси маж на светот за 2021 според People

Списанието People секоја година избира една славна личност на која му ја доделува титулата Најсекси маж на светот. Годинава тоа е Пол Рад.

Пол Рад

52-годишниот актер изјавил дека најчесто му се придавани епитетите љубезен и вреден, но дека не е навикнат луѓето да го нарекуваат секси.

„Доволно сум свесен за да знам што ќе речат луѓето кога ќе слушнат дека јас сум избран. Тие би рекле: ‘Што?’. Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене“ – изјавил тој.

Пол Рад

Рад вели дека е најсреќен кога е дома со сопругата Џули, со која е во брак 18 години, и со нивните деца Џек и Дарби. „Кога размислувам за себе, се гледам како сопруг и татко. Кога не работам, сакам да се дружам со моето семејство“ – рекол Пол.

Пол Рад

Ѕвездата од „Ant-Man“ се пошегува дека со новата титула очекува дека ќе биде вклучен во повеќе фенси холивудски забави. „Сега се надевам дека конечно ќе бидам поканет на тие секси вечери со Клуни и Пит и Б. Џордан. И мислам дека ќе бидам на повеќе јахти. Возбуден сум што ќе го проширам мојот живот на јахти“ – рекол Рад.

Пол Рад

Минатата година за најсекси маж беше прогласен Мајкл Б. Џордан, а претходни носители на оваа титула се и Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Идрис Елба, Џорџ Клуни и Ричард Гир.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.