Петар Грашо сподели прекрасна вест со јавноста. Хрватскиот пејач и неговата сопруга Хана Хуљиќ го очекуваат нивното второ дете.
Новоста ja откри 48-годишниот музичар во разговор за InMagazin.

Петар и Хана стапија во брак во февруари 2022 година. Тие заедно имаат ќеркичка Алба, која се роди во јули истата година.
Претходно, Грашо 24 години беше во врска со Данијела Мартиновиќ.

