Пенелопе Круз ѝ останува верна на модната куќа Шанел. 49-годишната актерка изгледаше занесно во цветен фустан од популарниот француски бренд на доделувањето на „Goya Awards“ во Шпанија.
Романтичната креација надополнета со тул совршено ѝ прилегаше на холивудската актерка, а била рачно изработувана повеќе од 1.200 часа.






Креацијата е дел од колекцијата висока мода есен/зима 2024.



Пенелопе позираше со режисерот Педро Алмодовар, со кого често соработува.
