Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливер Драгојевиќ замина во легендите по едногодишна битка со рак

Оливер Драгојевиќ замина во легендите по едногодишна битка со рак

Оливер Драгојевиќ ја изгуби битката со рак на белите дробови. 70-годишниот пејач почина утрово во болница во Сплит.

Оливер Драгојевиќ

Познатиот музичар пред една година соопшти дека му било пронајдено туморно ткиво, по што започна со примање на хемотерапија.

Во октомври минатата година, Драгојевиќ повторно запеа на сцената за своите фанови. За време на настапот, тој покажа дека ја изгубил косата поради хемотерапијата.

Оливер Драгојевиќ

„Деновите ги поминувам дома, каде свирам и пеам. Знаете, наутро станувам, ја земам гитарата и започнувам да свирам, и така по цел ден. Не ми е тешко, гледам на тоа како на една рекреација“ - изјавил тој на почетокот на годината.

Во чест на Оливер, да се потсетиме на едни од неговите најголеми хитови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.