Синоќа, Ирина Шајк дефилираше на ревијата на Ралф Лорен во Њујорк.
По завршувањето на модното шоу, 38-годишната манекенка се упати на вечерно излегување со своите колешки. Таа го носеше истиот комбинезон, кој го презентираше на пистата.




Кафеавата креација е дел од колекцијата за сезоната есен 2024 година на американскиот моден бренд. Погледнете некои од останатите модели од колекцијата, која доби комплименти од обожавателките на Ралф Лорен.



















