Лени Кравиц има нова љубов. Славниот пејач е во врска со 30-годишниот бразилски модел Барбара Фиало.
Парот беше фотографиран за време на прошетка во Мајами Бич, Флорида.

53-годишниот музичар поттикна многу коментари со новата врска, затоа што манекенката на Victoria’s Secret е само една година постара од неговата ќерка Зои.






29-годишната Зои е дете на Лени од неговиот брак со Лиса Бонет.

Пред само еден месец, Кравиц зборуваше за љубовниот живот. „Чекам да ја сретнам таа личност. Ја чекам сродната душа, сопругата“ – изјави тој.