Во семејството на Борко Ристовски имаше повод за славење. Неговата ќеркичка Анастасија наполни една година.
Сопругата на поранешниот ракометен голман, Нина, сподели фотографии од слатката славеничка која се забавуваше „уништувајќи“ ја роденденската торта.
На фотографиите Анастасија е со своето братче Душан.
„Среќен роденден моја радост, моја насмеана принцезо, мое око магично, мое небо ѕвездено. Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја Анастасија“ - напиша мајката Нина.









Борко и Нина стапија во брак во февруари 2018 година. Нивниот син Душан дојде на овој свет во април истата година, додека ќерката Анастасија се роди во јануари минатата година.

Фотографии: Николина Нина Ристовска