Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не постои љубов како твојата ТАТО“: Елена Ристеска со емотивна порака 5 години по смртта на татко ѝ

„Не постои љубов како твојата ТАТО“: Елена Ристеска со емотивна порака 5 години по смртта на татко ѝ

Елена Ристеска ја одбележува секоја годишнина од денот кога го изгуби својот татко.

Македонската пејачка објави емотивна порака 5 години по неговата смрт заедно со стара фотографија.

Прочитајте ја:

На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја нè напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. ‘Полни’ се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не нè напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема, ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука.

Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго, а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам…

Не постои љубов како твојата ТАТО.

Елена објави и порака на денот кога нејзиниот татко ќе го славеше 70-тиот роденден доколку беше жив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11454 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.