Џеси Џеј триумфално се врати на сцената по нејзината борба со ракот на дојка, само 11 недели по операцијата на градите.
37-годишната пејачка одржа емотивен говор на настапот во Есекс и доби громогласен аплауз од присутните фанови. Со солзи во очите и треперлив глас, таа сподели:
„Некои од вас можеби знаат, некои не, но пред точно 11 недели имав операција поради рак на дојка. На последниот настап што го имав, не знаев што ќе се случува понатаму… Сè уште сум во процес на опоравување“ – рече Џеси.

Славната пејачка откри дека ова е и првпат нејзиното синче, 2-годишниот Скај, да ја гледа на сцената. Подоцна, малото момче ѝ се придружи на мајка си на сцената.
„Денеска е посебен ден, затоа што мојот син за првпат ме гледа како пеам на сцена“ – рече таа.





@bbcradio2 This was such a special moment Jessie J at Radio 2 In The Park | Watch on BBC iPlayer | Listen on BBC Sounds #jessiej #chelmsford #essex ♬ Red Room - Hiatus Kaiyote
Џеси изведе и нова песна, „Living My Best Life“, која за неа има посебно значење.
„Ја објавивме песната буквално две недели откако ми ја поставија дијагнозата. Сите ми велеа да стопираме сè, но јас реков: 'Животот не е тоа. Животот е да стоиш во бурата, но да си го држиш чадорот и да продолжиш напред.' Музиката е мојот лек. Таа ме држи жива“.
„Оваа песна се вика ‘Living My Best Life’ и тоа ќе го правам секој еден ден. Бидејќи никогаш не знаеме кога ќе биде нашиот последен ден, затоа гушнете ги силно луѓето кои ги сакате“ – рекла таа.


Џеси помина низ мастектомија во јуни, кога ја сподели и својата дијагноза со фановите.
Таа е во брак со кошаркарот Чанан Сафир Колман и заедно го имаат само синчето Скај.

