Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не го повлеков чкрапалото“: Алек Болдвин низ солзи проговори за трагедијата во која смртно ја застрела кинематограферката Халина

„Не го повлеков чкрапалото“: Алек Болдвин низ солзи проговори за трагедијата во која смртно ја застрела кинематограферката Халина

Алек Болдвин со многу емоции и солзи го сними првото интервју по ужасната трагедија за време на снимањето на филмот „Rust“.

63-годишниот актер во интервју за ABC News се отвори за инцидентот на филмскиот сет кој беше фатален за кинематограферката Халина Хачинс, а во кој беше ранет режисерот Џоел Зоуза.

Болдвин категорично тврди дека тој не го повлекол чкрапалото на оружјето кое го држел и дека воопшто не знае како е можно вистински куршум да е присутен на сетот.

„Чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков чкрапалото. Не, не, не, никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш... Некој стави вистински куршум во пиштолот, куршум кој не требаше ни да биде на имотот каде снимавме“ – тврди тој.

Присетувајќи се на Халина, Алек вели: „Таа беше сакана од сите кои работеа со неа и ѝ се восхитуваа... Дури и сега ми е тешко да поверувам дека се случи тоа. Не ми изгледа реално.“

Целосното интервју ќе биде емитувано утре.

Видео

На 21 октомври се случи страотна несреќа на снимањето на вестерн филмот „Rust“. Оружјето кое го држел Болдвин испукало и за жал, загина Халина. Сè уште не е разјаснето како точно дошло до инцидентот со смртен исход.

Алек Болдвин Алек Болдвин Алек Болдвин Алек Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.