Крис Хемсворт доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.
На настанот, 40-годишниот актер ја доби поддршката од сопругата Елза и нивните близначиња Саша и Тристан. Среќното семејство заедно позираше покрај ѕвездата. Крис беше облечен во елегантен костум од BRIONI.




Во својот говор, тој ѝ се заблагодари на својата сакана за поддршката која му ја пружала низ целата кариера.
„Ѝ благодарам на мојата убава сопруга, која беше покрај мене низ целата моја кариера, која бескрајно ме охрабрува и поддржува и која ги стави своите соништа настрана за да ги поддржи моите. Ниту еден од овие моменти не би бил толку специјален без тебе. Те сакам“ – рече ѕвездата од „Thor“.











Покрај близначињата, парот има уште една ќерка Индија. И таа беше присутна на настанот, но не позираше за фотографии.
