Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Најдобар беше“: Кијану Ривс изненади младенци на нивната свадба и позираше со нив

„Најдобар беше“: Кијану Ривс изненади младенци на нивната свадба и позираше со нив

Кијану Ривс изненади младенци на нивната свадба и им го направи тој ден уште поспецијален. Холивудскиот актер позираше со среќните партнери и нивната ќеркичка.

Кијану Ривс на свадба

Имено, Кијану престојувал во истиот хотел во Англија, каде што Џејмс и Ники Роднајт ја правеја големата прослава.

Кога случајно се сретнале во хотелот, Џејмс му кажал на Кијану дека штотуку се ожени и го поканил да им се придружи за пијалок.

Ривс им рекол дека ќе им се придружи подоцна, но тие се сомневале дали навистина ќе дојде. „Имаше многу пријателски однос и рече дека ќе дојде подоцна. Не знаевме дали навистина ќе дојде, но беше кул што мојот сопруг разговараше со него“ – изјавила Ники.

Популарниот актер им честиташе на брачните партнери, позираше со нив и потоа си замина.

Кијану Ривс на свадба

„Најдобар беше“ – дополнила таа и објаснила дека Ривс бил уморен поради подолго патување со авион.

Кијану Ривс на свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.