Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На Атиџе од „Медена земја“ ѝ се ветени нов покрив, вработување и снимање на две нејзини песни

На Атиџе од „Медена земја“ ѝ се ветени нов покрив, вработување и снимање на две нејзини песни

Животот на Атиџе Муратова се менува по историскиот успех на филмот „Медена земја“ (Honeyland).

Протагонистката во документарниот филм со насмевка ја прими веста дека ќе добие подобрување на условите за живот.

Атиџе Муратова

Последната одгледувачка на диви пчели во Европа ќе добие обновен покрив на својот дом во село Дорфулија, работно место во општина Лозово и можност професионално да сними две песни.

Атиџе Муратова Атиџе Муратова

По бројните награди на различни филмски фестивали низ светот, „Медена земја“ доби две номинации за Оскар и тоа во категориите Најдобар документарец и Најдобар интернационален филм.

Дали во Македонија ќе допатува Оскар, ќе дознаеме следниот месец.

Трејлер за „Медена земја“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.