Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мојот синоок принц“: Марија Шерифовиќ сподели фотографија од крштевката на синчето Марио

„Мојот синоок принц“: Марија Шерифовиќ сподели фотографија од крштевката на синчето Марио

Марија Шерифовиќ направи крштевка за своето синче Марио. Познатата српска пејачка сподели фотографија од церемонијата во црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Нов Белград.

„Вчера го славевме Василиј Острошки, со тоа и мојот прв Ден на мајката, но и крштевањето на мојот мал синоок мек памук принц. Стана Божјо дете и нека те чуваат Бог и Свети Василиј од секакво зло, а јас од тагата и луѓето“ – напиша Шерифовиќ.

Марио Шерифовиќ крштевка

Шерифовиќ го доби синчето со помош на сурогат-мајка во декември минатата година. Таа призна дека претходно се обидувала самата да износи бременост, но не успеала.

Марија не открива кој е таткото на Марио, но вели дека кога тој ќе порасне, ќе дознае сè што треба.

Марио Шерифовиќ крштевка Марио Шерифовиќ крштевка Марио Шерифовиќ крштевка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.