Гоца Тржан не пропушти да го одбележи 17-тиот роденден на ќерка ѝ Лена.
49-годишната српска пејачка сподели две заеднички фотографии и напиша слатка порака за убавата девојка.
„Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот. Има таа доволно другарки, а имам и јас. Родив ќерка. Таа има мајка. До крајот на времето сум нејзина поддршка, нејзин чувар, нејзино безбедно засолниште, нејзина напорна мајка која секогаш има нешто да ѝ каже... А таа до крајот на времето ќе биде моја најголема љубов. Среќен роденден девојко. Те сакам засекогаш“ – напиша таа.


Вечерва, токму на роденденот на Лена, Гоца ќе одржи концерт во MTS Dvorana кој веќе е распродаден. Таа се пошегува дека ја наполнила цела сала за да го прослави роденденот на ќерката.
