Неполни две недели откако стана татко, Марко Новески сподели фотографија со новородените близначиња.
Македонскиот водител позираше со малите Вања и Веда под отворено небо, а во описот на фотографијата напиша: „Мојата дупла среќичка“.
На 23 април, Марко објави дека неговата сопруга Цена се породи и на свет донесе две бебенца.
„Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. ТЕ САКАМ“ – напиша тој.
Парот стапи во брак во август 2021 година.
