Викендов се одржа премиерата на „Lola“, првиот режисерски филм на Никола Пелц.
29-годишната актерка доби силна поддршка од семејството и пријателите. На розовиот тепих во Лос Анџелес, Никола позираше со својата свекрва Викторија Бекам, бришејќи ги гласините дека меѓу нив има несогласувања и тензии. Модерното дуо свекрва-снаа позираше прегрнато пред насобраните фоторепортери.




На премиерата беа присутни и сопругот на Никола, Бруклин, како и неговиот брат Круз.










Покрај претставниците на семејството Бекам, младата режисерка ја доби поддршката и од најдобрата пријателка Селена Гомез.



Приказната во „Lola“ е за 19-годишната Лола Џејмс (Никола) која напорно работи за да заштеди доволно пари за да го одведе братот Арло (Лук Дејвид Блум) подалеку од токсичниот дом доминиран од нивната мајка Мона (Вирџинија Медсен).
Никола го напиша сценариото за филмот, а во истиот има и режисерска и актерска улога.