Фахрие Евџен и Бурак Озчивит моментално се во посета на Катар.
Како бренд амбасадори на Ali bin Ali Luxury, турските актери ја посетија изложбата на накит и часовници која се одржа во Доха.
Ѕвездите од турските серии „Кога лисјата паѓаат“ и „Величествениот“ ги разгледуваа најновите модели на луксузни часовници и елегантен скапоцен накит.
Фахрие и Бурак беа модно ускладени во модерни костуми.












