Блејк Лајвли остави силен впечаток како дел од гостите на ревијата на Мајкл Корс, одржана во рамките на Њујоршката модна недела.
36-годишната актерка носеше модна комбинација со принт на жирафа од американскиот моден дизајнер. Својот изглед, ѕвездата од „Gossip Girl“ го надополни со чизми во соодветна нијанса.




На ревијата, Блејк беше заедно со сестра си Робин. Модерното дуо од првиот ред го следеше шоуто на кое беше презентирана колекцијата за сезоната есен/зима 2024.








Пред неколку дена, Блејк беше фотографирана со Тејлор Свифт додека заедно го гледаа овогодишниот Супер Боул.

