Фахрие Евџен и Бурак Озчивит уживаа во зимски одмор со малото синче Каран.
Турските актери и малото детенце во колоритна ски опрема се забавуваа на снежните стази и споделија фотографии на нивните Instagram профили.
„Секогаш горда на тебе“ – напиша Фахрие за 4-годишното момче, кое веќе ја совлада техниката на управување на скиите.

















Ѕвездите од турските серии имаат и синче Керем, кое пред неколку дена наполни една година.

Фахрие кај нас е најпозната по улогата на Неџла во „Кога лисјата паѓаат“, додека Бурак има глумено во многу серии, како „Величествениот“ и „Карасевда“.

