Victoria’s Secret ги зближи Кендис Сванапул и Дауцен Крус, а славните модели останаа пријателки и откако Крус го напушти брендот.
29-годишната Јужноафриканка и 32-годишната Холанѓанка беа фотографирани на одмор во Бразил.
Кендис, која го очекува своето второ дете, се забавуваше со Дауцен, која е на семеен одмор со сопругот Санери Џејмс и малите деца Филен и Милена.







На една од фотографиите кои ги сподели Дауцен, малата Милена одушевено гледа во трудничкиот стомак на Кендис.





























