Можеби нема да ви се верува, но Кристи Бринкли зачекори во осмата деценија од животот. Русокосата убавица пред неколку дена наполни 70 години, но недискутабилно ќе се сложите дека нејзиниот изглед воопшто не ја издава нејзината возраст.
Атрактивниот модел позираше во костим за капење пред да направи роденденска забава и фотографиите ги објави на Instagram.

„Ова е 70 и вие нема од што да се плашите, затоа што можете да си ја направите својата најубава година. Од вас зависи, моќта е во вас. Изберете да славите, наместо да се криете. Знаете што треба да направите, вежбајте и хранете се правилно, користете крем со заштитен фактор. Бидете љубопитни, истражувајте и одете во авантури, само не заборавајте да си ги понесете протезите. Сериозно, смејте се и сакајте со сета сила и ви ветувам, 70 години ќе бидат во ред“ – напиша Бринкли.
Во коментарите, таа доби многу комплименти за својот изглед.







Нејзините ќерки Сејлор и Алекса објавија заеднички снимки и фотографии за да ѝ го честитаат роденденот.

