Енрике Иглесијас несомнено го наследил привлечниот изглед и добрите гени и од неговата мајка Изабел Прејслер. Поранешната манекенка и водителка сè уште изгледа фантастично и покрај тоа што чекори во седмата деценија од својот живот.
66-годишната дама неретко посетува модни настани, покажувајќи дека ни малку не избледнела нејзината љубов кон модата. Во младоста, шармантната Филипинка неколкупати беше прогласувана за најдобро облечена славна дама во Шпанија.









Покрај Енрике, кого го имаше со првиот сопруг Хулио Иглесијас, Изабел има уште четири деца.









