Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Младата бунтовничка Луисана Лопилато се породи и ја сподели првата фотографија со третото дете

Младата бунтовничка Луисана Лопилато се породи и ја сподели првата фотографија со третото дете

Луисана Лопилато го донесе на овој свет своето трето дете. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ и Мајкл Бубле добија ќерка.

Среќната вест ја објави самата Луисана и сподели преслатка фотогррафија од рачето на бебенцето. Според информации од странските медиуми, девојчето го добило името Вида.

„Како да објаснам дека нашите срца ќе експлодираат од љубов? Нема доволно часа во денот за да се размислува за тоа. Му благодарам на Бога што ни го даде овој дар на живот и среќа! Бидејќи гледањето во нејзините очи е како гледање во самото небо! Те сакаме до бескрај и пошироко. Те чекавме не само за да ја зголемиш нашата фамилија... ни даде светлина, надеж и конечно си и ќе бидеш Живот на нашата душа!“ – напиша Луисана во описот на фотографијата.

31-годишната актерка и 42-годишниот пејач имаат и две мали синчиња, 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елијас.

Луисана и Мајкл

Неколку дена пред породувањето, Луисана сподели слатка фотографија со синовите.

Луисана и Мајкл

Во ноември 2016 година, славниот пар соопшти дека нивното синче Ноа се бори со рак на црниот дроб. За среќа, момчето успеа да се избори со страшната болест.

Луисана и Мајкл се во брак од 2011 година.

Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.