Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Миранда Кер и основачот на Snapchat го очекуваат своето прво дете

Миранда Кер и основачот на Snapchat го очекуваат своето прво дете

Миранда Кер е бремена. 34-годишниот модел го очекува своето прво дете со Еван Спигел.

Миранда и Еван

Претставник на парот ја потврдил среќната вест со соопштение за медиумите во кое се вели: „Миранда, Еван и Флин со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новиот член на нивното семејство.“

Убавата Австралијка и основачот на Snapchat стапија во брак во мај годинава, по двегодишна врска. Свадбената церемонија се одржа во домот на познатиот милијардер, а Кер блескаше во креација од Диор инспирирана од Грејс Кели.

Миранда и Еван Миранда и Еван Миранда и Еван Миранда и Еван Миранда и Еван

Ова е втор брак за Кер, која претходно беше во брак со Орландо Блум. Миранда и Орландо заедно имаат едно дете – шестгодишниот син Флин.

Миранда и Еван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.