Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Медена земја“ на првото место на листа „10 најдобри филмови за 2019“ на „Њујорк Тајмс“

„Медена земја“ на првото место на листа „10 најдобри филмови за 2019“ на „Њујорк Тајмс“

Македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, недискутабилно ги заслужува сите награди и пофалби кои ги добива од сите страни на светот.

Нашиот кандидат за Оскар се најде на првото место на листата „10 најдобри филмови за 2019“ на филмскиот критичар А.О. Скот на „Њујорк Тајмс“.

Медена земја

„Зачнат како информативно видео спонзорирано од владата, овој документарец не е ништо помалку од пронајден еп, реална алегорија за животната средина и боцкава комедија за вечниот проблем со безобѕирни соседи“ – пишува Скот.

На неговата листа се и „The Souvenir“, „Parasite“, „Little Women“, „Marriage Story“, „Peterloo“, „The Edge of Democracy“, „Once Upon a Time … in Hollywood“ и „Atlantics“.

Втората листа со врвни филмови на „Њујорк Тајмс“ ја состави Манола Дерџис која на првото место го постави „Pain and Glory“.

Минатиот месец, „Медена земја“ освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards. На режисерите им беше доделена наградата за Најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за Најпривлечен лик во документарец.

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

Медена земја Медена земја Медена земја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.