Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Масимо Савиќ – осмиот дијамант од „Божиновски часовници и накит“

Масимо Савиќ – осмиот дијамант од „Божиновски часовници и накит“

„Божиновски часовници и накит“ го одржува ветувањето, да придонесува и да ја искористи непроценливата можност да живееме со креативната енергија на уметниците, кои му даваат смисла на културниот живот.

„Добивме можност тоа уште еднаш да го потенцираме: нашиот осми дијамант е Масимо Савиќ. Минатата година тоа беа 7 дијаманти за 7 кинематографи на Браќа Манаки фестивалот – редок начин преку брусената драгоценост да го избрусиме и нашето општество. Повеќе информации за значењето на овие дијаманти ќе најдете на линкот: http://bozinovski.com.mk/news/post/81.“

„Ни припадна таа чест овојпат на Масимо Савиќ да му го доделиме Ититоли дијамантот. Дијамант за драгоцен човек, дијамант за дијамантот, кој со својата музика остави трага во нашиот град. Овој дијамант е нашата приврзаност, љубов, почит кон музиката на Масимо Савиќ, на која времето ништо не и може, а поводот беше неговиот концерт во Хераклеа“ – изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

Масимо Савиќ Масимо Савиќ

Заедно со виножито бои, како ехо се слушаа прво неколку гитарски акорди и потоа вокал каков што нема друг, на Мaсимо Савиќ.

Toj, толку комплетен, екстравагантен, колку по глас толку и по манир на музицирање.

Се најавува бура, но оваа битолска вечер, единствена бура што успева да нè погоди е таа на емоции. А што би бил животот ако нема вакви моменти во кои се живее за музиката.

Масимо Савиќ Масимо Савиќ

Масимо Савиќ, шармантно и нежно бара неговата љубовна и животна музичка приказна да биде прифатена и сфатена лично.

„Сјај во тревата“, предизвика сјај во очите на секој во публиката. Во еден момент ситен дожд како да сака да го осуети доминантниот глас што упорно пркоси. Масимо останува на бината речиси како скулптура со својата верна група најдобри музичари на Балканот. Требаше да знаеме дека еден обичен дожд не може да ја прекине конекцијата меѓу него и публиката.

Масимо Савиќ

Веднаш по концертот, Масимо нема да го крие воодушевувањето од акустиката на Хераклеа. Признава дека во еден момент му доаѓа да ја земе гитара од својот гитарист и да засвири. Зборува таа музика и сега како и секогаш: дека не е лесно да си вљубен и дека е тешко да се живее од соништата,но и единствено возможно.

Масимо Савиќ

#ZivejGoMomentot

„Божиновски часовници и накит“ како единствен спонзор на настанот, се пресреќни што Битола го живееше таа вечер моментот на безвремена музика.

Масимо не е љубител на долги бескрајни концерти. Бескрајниот момент не се мери во минути, туку во интензитет на чувства.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.