Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонскиот филм „Дедо и Внук“ со нови три награди

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ со нови три награди

Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival, а беше награден и на TIFF - Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови.

„Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење“ - потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival.

Дедо и внук Дедо и внук Дедо и внук

Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално започна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. По втор пат, наградата за најдобар Директор на фотографија – Кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов и Горан Стојаноски.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Дедо и внук Дедо и внук Дедо и внук

Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

Трејлер за филмот

Дедо и внук

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.