Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи Лохан е затрескана во Леонардо ДиКаприо

Линдзи Лохан е затрескана во Леонардо ДиКаприо

Линдзи Лохан

Линдзи Лохан не престанува да ги полни насловните страници на списанијата. Без разлика дали тоа е со нејзиното неконтролирано однесување, зависноста од лекови или телефонските разговори на нејзините родители, Линдзи е омилената актерка на папараците.

Само пред неколку дена беше објавен телефонски разговор помеѓу родителите на Линдзи, во кој меѓу другото мајка ѝ Дина признава дека Линдзи му била повеќе од пријателка на Хит Леџер во периодот пред неговата смрт.

А сега, новите изјави на блиски на Лохан потврдуваат дека младата проблематична актерка е затрескана во Леонардо ДиКаприо.

„Линдзи е многу затрескана во Лео, но тие се само пријатели. Таа е подготвена да бидат повеќе од пријатели, но тој не ја гледа неа на таков начин.“ – изјавил близок на Лохан.

Наводно популарната актерка, која скоро се раздели со својата девојка Саманта Ронсон, признала дека Леонардо е совршен маж, но се плашела дека тој не ја сфаќа сериозно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.