Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага и Хоакин Феникс како Харли Квин и Џокерот заљубени во продолжението на „Joker“

Лејди Гага и Хоакин Феникс како Харли Квин и Џокерот заљубени во продолжението на „Joker“

Хоакин Феникс повторно ќе влезе во улогата на Џокерот, а овојпат, нему ќе му се придружи Лејди Гага како Харли Квин.

На новите фотографии од продолжението „Joker: Folie à Deux“, 49-годишниот актер и 37-годишната актерка и пејачка танцуваат заедно и ја разгоруваат љубопитноста на фановите за дејствијата во новиот филмски проект.

Фотографиите од криминалната двојка ги објави режисерот Тод Филипс на Св. Валентин. „Се надеваме дека вашиот ден е исполнет со љубов“ – пишува во описот.

Joker: Folie à Deux Joker: Folie à Deux

Снимањето на „Joker: Folie à Deux“ заврши во април 2023 година, а премиерата се очекува да биде во октомври оваа година.

Првиот дел „Joker“ доживеа огромен успех и Хоакин доби Оскар за Најдобар актер за фантастичното портретирање на Џокерот.

Joker: Folie à Deux

Потсетете се на фотографијата која минатата година беше објавена на Денот на вљубените:

Joker: Folie à Deux

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28459 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.