За Леонардо Дикаприо и Виториа Черети летото нема крај. Парот во изминативе месеци многупати беше фотографиран на одмор на различни јахти, а очигледно до крајот на жешките денови нема да го намали патувачкото темпо.
50-годишниот актер и 27-годишниот модел беа уловени на јахта во водите на Форментера и уживаа во релаксираните моменти заедно со пријатели.


Во неодамнешното интервју за британскиот Esquire, Дикаприо се отвори за неговите размислувања сега кога е во шестата деценија од животот.
„Кога ќе наполниш 50 години, чувствуваш дека имаш желба да си поискрен и да не си го трошиш времето. Можам само да замислам како би се одвивале следните децении. Ја гледам мајка ми на пример, таа го вели точно тоа што го мисли и не си троши време. Не си троши време да лажира нешто“ – вели тој и појаснува дека искреноста често доведува до распаѓање на врски, било да се тоа пријателски, бизнис или љубовни.











Холивудската ѕвезда и славната Италијанка се во врска од август 2023 година.
И Виториа сподели фотографии од возбудливото лето:



