Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Куп расистички коментари за новата Мис Америка

Куп расистички коментари за новата Мис Америка

Нина Давулури е првата Американка со индиско потекло која ја добила титулата „Мис Америка“. 24-годишната Мис на Њујорк победи 52 убавици и ја освои круната на манифестацијата одржана во Атлантик Сити.

Нина Давулури Нина Давулури

Давулури, која во минатото страдала од булимија, доби стипендија во износ од 50.000 долари за да си го оствари сонот да стане докторка. Таа го освои жирито и со танц во Боливуд стил.

Нина Давулури Нина Давулури

Веднаш по објавувањето на победничката, на социјалните мрежи започнаа да се множат многу расистички коментари. На многумина не им се допадна тоа што Нина има темна боја на кожата, но не беа ретки неоснованите коментари дека таа е муслиманка, терористка или дека е од Арабија.

„Кога бела жена ќе победи на #Мис Америка?“, „Ако си #Мис Америка, треба да си Американка“, „Само што избраа муслиманка за Мис Америка“, „Мис Америка сега или мис Ал-Каеда?“, „Како по ѓаволите девојка од странство победи на Мис Америка? Таа е Арапка“, „Ова е Америка, не Индија“, „9/11 беше пред четири дена и таа стана мис Америка?“... тоа се само некои од коментарите на Twitter.

Нина Давулури Нина Давулури

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.