Кристијано Роналдо се закити со петтата „Златна топка“. Талентираниот Португалец ја прими наградата на церемонија на Ајфеловата кула во Париз.
„Им благодарам на моите соиграчи од Реал Мадрид. И сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми помогнаа да го достигнам ова ниво“ – рече Роналдо.


На свеченоста, Роналдо се појави со мајка си Марија Долорес, синот Кристијано Џуниор и девојката Џорџина Родригез.

Роналдо и Џорџина добија и мал подарок за новородената ќеркичка – слатко боди со пет златни топки.


ВИДЕО



Неодамна Роналдо изјави дека посакува 7 златни топки и 7 деца.
Од 2008 година, престижната награда завршува или во рацете на Роналдо или во рацете на Меси.
Роналдо пристигна во Париз со целото семејство со приватен авион.