Кристијано Роналдо наполни 39 години.
Славниот фудбалер ги дувна свеќичките на двете роденденски торти во друштво на саканата Џорџина Родригез и децата. Тој сподели фотографии од интимната прослава со своите обожаватели.
„Благодарен сум што го поминав роденденот на најдобриот можен начин: со моето семејство и повторно назад на теренот за тренинг. Ви благодарам на сите за топлите пораки“ – напиша тој.
„Те сакаме“ – додаде Џорџина на неговиот пост.



И таа сподели фотографија со славеникот.

Кристијано е татко на пет деца. Тој е во врска со Џорџина од 2016 година. Тие се запознаа во продавница на Гучи каде таа работеше како асистент за продажба.

