Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кој е најбогат? Еве колкава е заработката на актерите од хит-серијата „Пријатели“

Кој е најбогат? Еве колкава е заработката на актерите од хит-серијата „Пријатели“

Поминаа точно 27 години откако за првпат започна да се прикажува хит-серијата „Пријатели“.

Вчера беше годишнината од емитувањето на првата епизода од телевизиското шоу за дружбите на педантната Моника (Кортни Кокс), ексцентричната Фиби (Лиза Кудроу), разгалената Рејчел (Џенифер Анистон), хумористичниот Чендлер (Метју Пери), шармантниот Џои (Мет Лебланк) и сезнајкото Рос (Дејвид Швимер).

Пријатели Пријатели

„Пријатели“ неспорно е една од најпопуларните ТВ серии која цела деценија ја забавуваше публиката пред малите екрани.

Се прашувате колкаво е богатството на секој од актерите? Еве го одговорот:

1. Џенифер Анистон

„Рејчел“ на својата банкарска сметка има околу 300 милиони долари. Во изминативе години, Анистон најмногу заработила од „The Morning Show“, и од нејзините соработки со брендови како Diet Coke, Microsoft и Emirates Airlines.

Џенифер Анистон

2. Кортни Кокс

57-годишната актерка, која се прослави со улогата на „Моника Гелер“, има заработка од 150 милиони долари. Нејзиното богатство дополнително се зголеми со улогата во серијата „Cougar Town“ и во франшизата „Scream“.

Кортни Кокс

3. Метју Пери

Трет по заработената сума е „Чендлер“ кој има 120 милиони долари. Според податоците, неговото богатство е резултат на инвестиции во недвижности.

Метју Пери

4. Дејвид Швимер

Иако најголемиот дел од заработката на „Рос“ се должи на „Пријатели“, тој заработил значително и од инвестиции, како и од улогата во „The People v. O.J. Simpson“. Неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.

Дејвид Швимер

5. Лиза Кудроу

58-годишната актерка, која го портретираше ликот на „Фиби“, низ годините заработила 90 милиони долари. Покрај „Пријатели“, нејзин успех се и проектите како „Baby Boss“, „Booksmart“ и нејзиното шоу „Web Therapy“.

Лиза Кудроу

6. Мет Лебланк

По завршувањето на „Пријатели“, 54-годишниот актер продолжи да заработува од серијата „Џои“, а добра плата му донесоа и улогите во „Man with a Plan“ и „Top Gear“. Неговото богатство е проценето на 80 милиони долари.

Мет Лебланк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.