Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го прошируваат семејството со помош на сурогат-мајка.
38-годишната ѕвезда од шоуто „The Kardashians“ ја потврди веста за приновата во изјава и откри дека бебето било зачнато во ноември.

Клои и 31-годишниот НБА играч веќе имаат една ќерка, Тру, која се роди откако се дозна дека тој ја изневерувал Клои додека била бремена.
„Можеме да потврдиме дека Тру ќе добие братче или сестричка. Бебето е зачнато во ноември. Клои ѝ е многу благодарна на неверојатната сурогат-мајка за овој прекрасен благослов. Би сакале да ве замолиме за љубезност и приватност за Клои да може да се фокусира на нејзиното семејство“ – стои во изјавата.



Деновиве, Клои привлече големо внимание со фотографиите на плажа во костим за капење на кои се гледа трансформацијата на нејзиното тело.



Парот ја започна својата романса во септември 2016 година. Само три месеци по почетокот на нивната врска, тој доби син од поранешната девојка Џордан.
Само пред седум месеци, Тристан повторно беше дел од скандал откако се откри дека ќе има дете со фитнес моделот Марали Николс, зачнато додека сè уште беше во врска со Клои. Таа се породи на 1 декември и го крсти детето Тео Томпсон, но тој одрече дека детето било негово.
Следниот месец тој призна дека е татко на детето и јавно ѝ се извини на Клои за понижувањето.



„Ти не го заслужуваш ова. Не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти ги причинив. Не го заслужуваш начинот на кој се однесував кон тебе низ годините“ – напиша тој.
Иако очекуваат уште едно бебе, извори блиски до парот потврдуваат дека тие не се повеќе во врска и дека комуницираат само на прашања поврзани со ќерката. Бебето било зачнато пред да се открие дека тој ќе добие дете со друга жена.

