Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го добија своето прво дете додека низ светот се шири веста за негово неверство.
33-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ родила девојче во болница во близина на Кливленд.


Деновиве парот е во центарот на скандал. Имено, беше разоткриено дека Тристан ја изневерувал Клои додека таа беше во блажена состојба.
TMZ објави видео во кое 27-годишниот кошаркар ја изневерува Клои во октомври минатата година, а минатата недела тој беше фотографиран кога со девојка се упатуваше кон хотелот во кој престојуваше во Њујорк.
Видеа од моментите кога Тристан ја изневери Клои со три жени


И покрај неверството, најновите информации од странските медиуми укажуваат на тоа дека Клои дозволила Тристан да биде со неа за време на породувањето.
Засега нема официјално соопштение од парот, кој е во врска од септември 2016 година. Само три месеци по почетокот на нивната романса, тој доби син од поранешната девојка Џордан.



