Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан се отвори за користењето на сурогат-мајка: „Многу е потешко на ваков начин“

Ким Кардашијан се отвори за користењето на сурогат-мајка: „Многу е потешко на ваков начин“

Ким Кардашијан имаше две комплицирани бремености, па со нејзиниот сопруг Кание Вест избраа третото дете да го имаат со помош на сурогат-мајка.

Во интервју за „Entertainment Tonight“, Ким сподели како се чувствува за тоа што самата не го носи бебенцето, кое веројатно ќе биде девојче.

„Знате, поразлично е. Секој што вели или мисли дека ова е полесниот начин да имаш дете, потполно греши. Мислам дека е многу потешко да поминуваш низ тоа на ваков начин, затоа што немаш контрола. Очигледно избираш личност на која целосно ѝ веруваш и со која имате добра поврзаност и врска, сепак... тоа што можев да ги носам моите први две бебиња, а не моето бебе сега, ми паѓа тешко... Ја мразев бременоста и мислев дека ова ќе биде лесно, но знаете, иако го мразев тоа, ако можев да го направам, би го преферирала“ - изјави таа.

37-годишната риалити ѕвезда деновиве споделува фотографии и видеа од забавата по повод претстојното раѓање на бебенцето.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Ким и Кание се родители на 4-годишната Норт и 1-годишниот Сент.

Mommy & Son day today

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27156 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.