Љубителите на серијата „Sex and the City“ со радост ја дочекаа веста за снимањето на третата сезона од нејзиното продолжение „And Just Like That…“.
А во неа, протагонистката Кери Бредшо повторно ќе се обедини со својата стара љубов Ејдан Шо (Џон Корбет). Фотографиите направени во Њујорк, на сетот на „And Just Like That…“, ја покажуваат Сара во препознатливите за неа стилски комбинации додека разговара со својата втора најголема љубов по Мистер Биг.
Кери и Ејдан се состануваа долго време пред таа да го изневери со Мистер Биг, а се обединија во втората сезона од „And Just Like That…“.






Simone Rocha, Aquazzura, Maryam Keyhani и Gucci се дел од модните брендови кои ја облекоа Сара за потребите на серијата.














