Во изминатиов период сè почести беа гласините дека Џорџ и Амал Клуни се пред развод.
Во странските медиуми се пишуваше дека парот е на „пробна пауза“ поради врската на далечина која ја имаше. Наводно, причина за тоа биле обврските на Џорџ поврзани со Бродвеј и неговиот мјузикл „Good Night and Good Luck“.
„Колку и да е Амал горда што неговиот сон за Бродвеј се исполни, не беше лесно толку долго да се разделени еден од друг. Ова со сигурност ја стави на тест нивната врска“ – рекол извор близок до парот.
Сепак, Џорџ и Амал ги побија сите овие гласини со заедничкото излегување во Њујорк. 63-годишниот актер и 47-годишната адвокатка се држеа за рака и се смешкаа за време на вечерно излегување.





Неодамна, во интервју, Џорџ изјави дека по работењето во „Good Night and Good Luck“ како режисер, планира да направи пауза за да се фокусира на семејството.
„Ќе си одделам време за моите деца. Навистина обожавам да ги возам на училиште, а со сопругата навистина имаме прекрасен период. Не сакам да го изгубам сето тоа“ – рекол тој.






Џорџ и Амал се запознаа во 2013 година, а стапија во брак во 2014 година.


