Марио Јовановски и Софија Манчева викендов беа гости на свадба на нивни блиски, каде што привлекоа внимание во креации од модната куќа „Митрофф“.
Атрактивната Софија изгледаше како занесна убавица во небесно син долг фустан со корсет. Нежниот аутфит таа го надополни со минималистички сребрен накит, чантичка и елегантни потпетици во истата нијанса. „Се чувствував како принцеза во бајка“ – напиша таа под фотографиите од свеченоста.
Марио избра класична елеганција – црн костум со риги комбиниран со бела кошула и црни класични чевли, со што ја заокружи нивната совршена стилска хармонија.








Софија и Марио минатата година ја крунисаа љубовта со брак, а моментално живеат и работат во Дубаи.