Ќеркичката на Луисана Лопилато наполни две години. Ѕвездата од „Млади бунтовници“ ѝ организираше роденденска забава на малата Вида инспирирана од ликот Елза од дизниевиот хит „Frozen“.
33-годишната аргентинска актерка сподели фотографии на кои со Вида се облечени во исти сини фустанчиња и со нивните руси коси потсеќаат токму на Елза.








Вида е третото дете на Луисана и пејачот Мајкл Бубле. Тие имаат и две синчиња – Ноа и Елијас.