Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каква мајка, такви ќерки: „Марибел“ од серијата „Руби“ во слатка фотосесија со петте ќеркички

Каква мајка, такви ќерки: „Марибел“ од серијата „Руби“ во слатка фотосесија со петте ќеркички

Ако ја следевте теленовелата „Руби“, со сигурност се сеќавате на Жаклин Бракамонтес.

44-годишната мексиканска актерка, која се прослави со улогата на Марибел, сними слатка фотосесија со петте ќеркички за Денот на мајката. Сите беа облечени во координирани фустани во светло сина нијанса.

„Ова е дарот кој Бог ми го даде. ДА БИДАМ МАЈКА. Ви благодарам мои девојчиња што ме направивте најсреќна и најблагословена мајка на светот. Ги сакам“ – напиша таа на Instagram.

Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес

Жаклин стапи во брак со бизнисменот Мартин Фуентес во 2011 година. Во 2013 година, таа роди близначиња, момче и девојче, но за жал, момчето почина како последица на респираторни компликации. Во 2014 година, парот се израдува на раѓањето на нивната втора ќеркичка Каролина, а во 2016 година, на овој свет дојде и нивната трета ќерка Рената. Близначките Емилија и Паула се родија на 20 декември 2018 година.

Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.