Сем Асгари привлекува женски погледи кон страниците на Men’s Health. 24-годишниот модел го покажа мускулестото тело и зборуваше за својата фитнес трансформација и врската со Бритни Спирс.
Иако денес е фитнес инспирација, Асгари не водел отсекогаш здрав живот. Во студенските денови, откако бил избркан од фудбалскиот тим, тој престанал да тренира и практикувал екстремно нездрава исхрана. Истовремено, Сем се соочувал и со финансиски проблеми.
„Јадев чипси за доручек, брза храна, шеќери, не внесував протеини, консумирав многу јаглехидрати и пиев газирани пијалаци. Исхраната ми беше ужасна. Комбинацијата на стрес и страв дека не напредувам во животот ме доведе до депресија“ – изјавил тој.
По шест месеци неактивен живот, Сем решил дека е време за промена. „Можев или да продолжам да живеам на истиот начин или да дадам уште 100% од себе. Не сакав повеќе да се справувам со депресијата и разочарувањето. Морав да почнам одново“ – додал Сем.
„Бев инспириран. Бев амбициозен и сакав промена. Си ветив себеси дека ништо нема да ме запре, па и така беше“ – пишува тој на Instagram.
Со напорни тренинзи Сем успеал да го постигне посакуваниот фит изглед, а тоа му овозможи улога во спотот на Бритни за „Slumber Party“. Тие ја започнаа врската пред година и половина.
Сем зборуваше за моментот кога за првпат се сретна со Бритни. „Бев возбуден што имав можност да запознам една од најголемите изведувачки на сите времиња. Имав пеперутки во стомакот“ – изјавил тој.
„Таа ме мотивира повеќе од било кој друг. Израснав со три сестри и сум личност која го поддржува семејството. Бритни ми е семејство и секогаш ќе ја поддржувам. Таа е уште еден благослов кој ми се има случено“ – додал Асгари за саканата.
Славниот пар постојано вежба заедно и споделува видеа на Instagram.
„Вежбањето заедно е убаво и се трудиме да го практикуваме по неколку пати. Супер здраво е, ментално и физички. Ти ги оттргнува мислите од сè друго“ – вели Сем.