Ед Вествик и Ејми Џексон го имаа првото заедничко појавување на јавен настан по веридбата.
Згодниот пар присуствуваше на забавата на Vanity Fair во Лондон, посветена на филмските награди BAFTA. Познатата актерка изгледаше атрактивно во кадифен црн фустан и складни ракавици додека позираше покрај ѕвездата од серијата „Gossip Girl“.
На нејзината рака блескаше дијамантскиот веренички прстен со кој Ед ја запроси во снежната Швајцарија. Тие се заедно од 2021 година.















Воедно, вчера беше и 32-риот роденден на Ејми, а Вествик сподели фотографии за да ѝ го честита.