Перо Антиќ и Сања Ристиќ не кријат колку се заљубени. Новиот македонски пар објави романтична фотографија.
На неа, поранешниот кошаркар и успешната маркетинг менаџерка, која ја паметиме по детскиот хит „Ех, тој Тоше“, уживаат во настапот на ДНК во Скопје.

Перо и Сања минатиот месец ја открија својата врска пред јавноста со објавување на заеднички фотографии. Неодамна, тие беа во посета на Солун и споделија моменти на Instagram.






Антиќ минатата година раскина со Катарина Ивановска со која беше во врска по разводот од Ружица Максимовска со која има 3 сина. Ристиќ пак неодамна стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има 2 сина.