Дејвид Бекам сними фотосесија за Men’s Health и заведува како првата глобална ѕвезда која е на сите насловни страници на списанието.
49-годишниот поранешен фудбалер, кој ѝ е сопруг на Викторија Бекам, го разголи своето тело и ги покажа тонираните мускули на стомакот и грбот. Во видео за списанието тој покажа дел од вежбите кои ги прави за да биде во топ форма, а во интервјуто зборуваше за тренинзите со Викторија, наближувањето до 50-тата година од животот, за исхраната и за начините на кои се ослободува од стресот.




Дејвид сподели дека честопати се соочува со болки во грбот и дека за нив многу му помагаат тренинзите со тежина за горниот дел од телото.
Во 5-6 дена од неделата, Дејвид тренира со својот тренер Боб и со Викторија.
„Таа не е многу добра во слушањето на инструкциите на Боб. Мислам, таа е добар слушател, но подоцна си го прави она што го наумила. Не знае да одмара. Ако тој ѝ даде 90 секунди одмор, таа ќе биде подготвена за вежбање по 25 секунди. Но, кога е сè добро во теретаната и двајцата сме во добро расположение, не може да биде подобро од тоа“ – рекол Дејвид.



Запрашан дали е загрижен што наскоро ќе наполни 50 години, тој рекол:
„Воопшто не ми пречи. Луѓето ме прашуваат за ова нежно, како да е некој голем проблем. Тоа не е нешто што ме загрижува – сè додека сум фит и здрав и моето семејство е здраво, само за тоа се грижам. За мојот 50-ти роденден, сакам едноставност. Сакам добра храна, добро вино и тоа е тоа. Сите мои најблиски пријатели“.






Дејвид и Викторија заедно имаат четири деца.